В сабота продолжува Бундеслигата: Дали Баерн ќе ја одбрани титулата? (ВИДЕО)

twitter/FC Bayern English

До прекинот на сезоната на табелата водеше баварскиот гигант пред Борусија Дортмунд со четири бода предност..

По двомесечна пауза поради пандемијата на коронавирус, возбудувањата во германските фудбалски шампионати ќе продолжат овој викенд.

Бундеслигата ќе биде првата голема европска лига што ќе го продолжи натпреварувањето, прекината на 13 март поради пандемијата на КОВИД-19.

Натпреварите ќе се играат пред празни трибини и ќе се почитува медицинскиот протокол.

Во најсилното германско првенство се шест натпревари в сабота. Од 15.30 часот ќе се сретнат: Аугсбург – Волфсбург, Борусија Дортмунд – Шалке, Дизелдорф – Падерборн, Хофенхајм – Херта и Лајпциг – Фрајбург. Првиот ден од враќањето на Бундеслигата ќе го затворат Ајнтрахт и Борусија Менхенгладбах со натпревар кој започнува од 18.30 часот.

Два натпревари се закажани за в недела. Келн и Мајнц ќе ги одмерат силите од 15.30 часот, додека Унион Берлин и Баерн Минхен ќе се сретнат од 18.00 часот.

Последниот натпревар од 26. коло е на програмата во понеделник (18 мај) од 20.30 часот, кога ќе се сретнат Вердер Бремен и Баер Леверкузен.

Баерн моментно е прв на табелата во Бундеслигата со 55 бода, Дортмунд е втор со 51, а Лајпциг е трет со 50 бода. Менхенгладбах е на четвртото место со 49 бода, а потоа следува Баер со 47.

На дното на табелата се Дизелдорф (22 бода), Вердер (18) и Падерборн (16).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот