В недела почнува летното сметање на времето: Бројот на срцеви удари расте седум дена по поместувањето на часовникот

Фото: Профимедиа

Летното сметање на времето започнува овој викенд: ноќта помеѓу сабота и недела, поточно на 27 март, стрелките ќе се поместат еден час нанапред, од 2 часот на 3 часот по полноќ. Како тоа ќе влијае на нас?

Последиците поради преминот кон летно сметање на времето, нашето тело може да ги чувствува дури неколку дена, а најголеми промени се чувствуваат во првите два до три дена по поместувањето на часовникот.

Сите живи суштества, вклучувајќи го и човекот, развиле внатрешен биолошки часовник. Овој часовник ги регулира нашите потреби и процеси како што се спиењето, телесната температура, внесувањето на храна, метаболизмот… Тој е прилагоден на нашиот стил на живот, а кога ќе дојде до нагло менување во сметањето на времето, како на пример, поместување на часовникот, нашиот биолошки часовник може привремено или трајно да се наруши.

Поместувањето на часовникот предизвикува внатрешно нарушување на ритамот, што може да доведе до замор или несоница. Поместувањето на часовникот може да го зголеми ризикот од настанување депресија и дебелина.

Со поместувањето на часовникот во текот на ноќта, од 2 на 3 часот, всушност, ние губиме еден час предвиден за спиење. Некои луѓе ќе се прилагодат на тоа побрзо, а некои побавно.

Загрижувачки податоци даваат истражувањата спроведени во Канада, кога е утврдено дека бројот на сообраќајни несреќи значително се зголемил првиот ден по поместувањето на часовникот.

Уште една загрижувачка информација дала студија спроведена во Шведска, која покажала дека зачестеноста на срцевите удари се зголемила во првите три дена по поместувањето на часовникот. Стапката на срцеви удари расте седум дена по поместувањето на часовникот нанапред. Покрај тоа, учениците се помалку способни да ги решаваат задачите и послабо ја следат наставата по преместувањето на часовникот.

Третата студија, овојпат спроведена во Данска, воочила дека во периодот непосредно по поместувањето на стрелките на часовникот бројот на случаи на заболени од депресија се зголемува и до 11отсто.

Научниците тврдат дека ризикот од мозочен удар во Финска се зголемил за осум отсто во првите два дена од преминот кон летното сметање на времето во однос на две недели пред и по поместувањето на часовникот, а истите резултати биле забележани и подоцна во октомври.

Преминот на летно сметање на времето долго време е предмет на многу анализи бидејќи научниците веруваат дека поместувањето на часовникот може да има сериозни здравствени последици.

Поради сето ова, има бројни петиции да се запре поместувањето на часовникот, а во Европската Унија веќе е покрената иницијатива од страна на Европскиот парламент

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот