УЖАС ВО ШПАНИЈА: Со глава удри во бетонски ѕид зад голот (ВИДЕО)

принтскрин

Младиот шпански фудбалер Саул Коко имаше неверојатна среќа да помине без потешки повреди откако со глава удри во бетонски ѕид.

За време на натпреварот од третата шпанска лига помеѓу резервната екипа на Лас Палмас и Атлетико Такоронте, Коко во трка за топката ја загуби рамнотежата и силно удри со главата во бетонски ѕид кој се наѓа зад голот.

Шокираните фудбалери веднаш побараа да интервенираат лекарите на двете екипи, додека на итната помош се чекаше дури 40 минути.

За среќа на младиот фудбалер, локалното радио кое го објави видеото од ударот, исто така објави дека Саул Коко поминал без повреди на главата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот