Ужас во Нигер: Изгорело училиште, најмалку 20 деца мртви

Запалено училиште во Нигер/ Фото Twitter Screenshot

Најмалку 20 деца загинале во пожар во училиште во Нигер, пренесува британски Мирор. Оваа трагедија се случи денеска во градот Маради.

Непотврдени извори на социјалните мрежи тврдат дека пожарот се случил во една од локалните градинки.

Засега не е јасно што го предизвикало пожарот и нема официјална потврда за тоа.

Наводната трагедија се случила само неколку месеци откако во пожар во друго училиште во предградието на главниот град на Нигер, Ниамеј, загинале 18 деца.

Учениците посетувале настава за време на пожарот, кој директорот на училиштето го опиша како „катастрофален“.

По трагедијата во април, Националниот сојуз на наставници од Нигер издал соопштение во кое повикал на прекин на наставата во колибите изградени од слама.

Организацијата соопштила дека многу е важно властите да престанат да предаваат во сламени колиби.

Човек кој го загубил својот шестгодишен син во пожар ја повика владата да изгради безбедни училишта.

„Да не даваме се во рацете на Бога, да не даваме се во рацете на државата“ вели родителот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот