„Утрински брифинг“ од понеделник на Слободен печат и на Слободна.тв

Од понеделник на страницата на www.slobodenpecat.mk и www.slobodna.tv  можете да ја следите новата информативно-политичка емисија „Утрински брифинг“. Идејниот творец на овој проект Сашо Ордановски најавува брзи информации и анализи пред сите останати медиуми, почнувајќи го секој работен ден од рано наутро во 7.30 часот па се до 10.00.

-Ќе биде многу динамична програма со многу линковски и телефонски вклучувања од различни позиции во градот и земјата со гости и анализи во студиото. Со динамични содржини „Утрински брифинг“  ќе го „диктира“ денот до пладне или за разлика од другите кои почнуваат многу подоцна, сакаме до 10.00 да го поставиме денот, вели Ордановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот