Утре времен режим на сообраќај на улицата Даме Груев

ЈП „Улици и патишта“  информира дека утре, поради поставување втор слој асфалт на коловозот,   на улицата Даме Груев ќе биде воведен времен режим на сообраќај во насока на движење од крстосницата со улица Димитрие Чуповски до улица Македонија, во периодот од 8 до 15 часот.

Времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а поради изведба на градежните активности ќе биде затворена една, а потоа и другата коловозна лента на коловозот .

Од претпријатието апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот