Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Утре протест во Скопје за полагање на правосудниот испит и на албански – еве каде ќе биде блокиран сообраќајот

Утре во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим поради протестен марш што ќе почне во 12:30 часот, а го организира група граѓани револтирани од, како што наведуваат, неспроведувањето на Законот за употреба на јазиците при правосудниот испит.

Според информациите од МВР, маршот ќе тргне од плоштадот „Карпошово востание“, ќе се движи по улицата „11-ти Март“, преку Камениот мост, потоа по „Никола Вапцаров“, а ќе заврши на „Димитрие Чуповски“, пред Министерството за правда. За време на движењето, сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните улици.

Од СВР Скопје информираат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за регулирање на сообраќајот, а МВР ги повика граѓаните да ги следат насоките и наредбите на полицајците на терен.

Известување за скопските возачи: Не се поминува од Стара Рампа до семафорите кај Црвен Крст – го асфалтираат булеварот „Македонија“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот