Утре и задутре времен сообраќаен режим на улицата Александар Урдаревски

Фото: Град Скопје

Поради изведба на градежни активности за асфалтирање на коловозот на улицата Александар Урдаревски во општина Бутел, на потегот од крстосницата кај населено место Кучевишка бара кон обиколница во должина од 300 метри, утре и задутре ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим.

  • Времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а асфалтирањето ќе се одвива утре на 12.04.2023 година (среда) од 8 ч наутро до 14 часот попладне во едната насока и во четврток, на 13.04.2023 година, во истиот временски период на другата спротивна насока – известуваат од ЈП „Улици и патишта“.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот