Утре и задутре времен режим на сообраќај на улицата „Александар Урдаревски“

Фото: Град Скопје

ЈП „Улици и патишта“ ги известува граѓаните дека утре и задутре, на 16 и 17 мај,  поради асфалтирање на пешачките патеки на улицата „Александар Урдаревски“ во општина Бутел, со прв слој асфалтна маса,  на потегот од  населено место Кучевишка Бара кон обиколницата,  ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим во периодот од 8 до 14 часот.

Времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а асфалтирањето ќе се одвива утре на 16.05.2023 година (вторник) од 8 ч наутро до 14 часот попладне во едната насока и на 17.05.2023г.(среда) на  во истиот временски период на другата спротивна насока – соопштуваат од претпријатието.

Оттаму  апелираат до сите учесници во сообраќајот до завршување на градежините активности да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот