Уште еден кандидат ја напушти трката за претседателска номинација кај демократите во САД
На вчерашните избори Патрик освои едвај половина отсто или 1,258 гласови.
Поранешниот гувернер на сојузната држава Масачусетс, Девал Патрик, денеска соопшти дека ја напушта трката за номинација претседателски кандидат од Демократската пратија. Причината е недоволната поддршка.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
– Сметам дека имавме основа да претпоставиме дека може да постигнеме подобри резултати – изјави Патрик.
Според него, резултатите од вчерашното гласање се покажале недоволни за да се добие поволен ветер за кампањата, и да се движи кон следната рунда гласања. „Затоа одлучив да ја стопирам кампањата“, рече тој.
Патрик е последниот афроамериканец кој учествуваше во изборите. Близок е со поранешниот претседател Барак Обама, но трката ја започна прилично доцна, лани в ноември. Изјави дека ги почитува многубројните демократски претенденти за номинација кои се стремат да го поразат републиканецот Доналд Трамп, но дека допрва ќе се видат акцентите на изборната битка.
Својата кампања синоќа ја запре уште еден претендент, технолошкиот претприемач Ендру Јанг, кој на изборите во Њу Хемпшир освои околу осум илјади гласови, многу помалку од фаворитите Берни Сандерс и Пит Бутиџиџ кои освоија над 72 илјади гласови секој.
На вчерашните избори Патрик освои едвај половина отсто или 1,258 гласови.


