Полиција/ Фејсбук

Уште еден автомобил оштетен од заталкан куршум во центарот на Скопје

Жител на Скопје вчера пријавил во полиција дека на паркинг во центарот на Скопје, неговиот автомобил бил оштетен од заталкан куршум, соопшти полицијата.

„На 22.08.2025 во СВР Скопје, Ц.С.(54) од Скопје пријавил дека на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје пронашол заталкано зрно од огнено оружје кое му го оштетило кровот неговото патничко возило „Фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки. Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка и се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот