UN women предупредува за назадување на рамноправност на половите: Mоже да загубиме сè за што се боревме 25 години

Обединети нации /Фото: МИА

Пандемијата на коронавирус може да ја уназади рамноправноста на половите за 25 години, покажуваат податоци на UN Women. Имено, поради последиците од ковид-19, жените вршат многу повеќе домашни работи.

– За една година може да загубиме сè за што се боревме во последните 25 години, изјави заменик-извршната директорка на UN Women, Анита Батиа.

Таа предупреди дека жените можат да имаат полошо ментално и физичко здравје поради пандемијата, како и помалку можности за вработување и за образование.

Се проценува дека жените ширум светот, дури и пред пандемијата, вршеле околу три четвртини од 16 милијарди часа неплатена работа секој ден.

Тоа значи дека за секој час неплатена работа на мажи, жените одработиле три часа. Сега тој број на часови е уште поголем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот