Украински амбасадор во ОН: Русија користи забранети бомби врз Украина

Оксана Маркарова
Оксана Маркарова / Фото: EPA-EFE/LAURENT GILLIERON

Русија користи „вакуум” бомба при инвазијата врз Украина, изјави вчера украинската амбасадорка во САД Оксана Маркарова.

– Употребија денеска вакуум бомба. Таа е забранета со Женевската конвенција, истакна Маркарова по брифингот на членовите на американскиот Конгрес, додавајќи дека „пустошот што Русија се обидува да и го нанесе на Украина е голем”.

Наречено „татко на сите бомби”, термобаричното оружје (познато како „вакуум бомба”) работи со користење на кислород од околниот воздух, за да генерира експлозија на висока температура, што го прави многу посмртоносен од конвенционалното оружје.

Таканаречените „вакуум бомби” се способни да предизвикаат „испарување” на човечки тела, да ги разорат внатрешните органи и да ги претворат градовите во урнатини.

САД и Советскиот Сојуз развија термобарично оружје во 60-те години од минатиот век. Русија веќе купотребила такви бомби во претходните конфликти и ги има во својот арсенал, велат експертите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот