Украинската национална хероина фатена со лажен сертификат за вакцинација, ѝ се заканува затвор

Украинската национална хероина Надја Савченко / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Украинската национална хероина Надја Савченко, која своевремено беше приведена во Русија, е фатена со лажна потврда за вакцинација против коронавирус во нејзината земја и ѝ се заканува затворска казна.

– 40-годишната Савченко, која е воен пилот и поранешна пратеничка, е фатена во Киев со лажен сертификат за вакцинација против Ковид-19, изјави денеска министерот за внатрешни работи Денис Монастирски.

Таа долетала во земјата од Турција со нејзината сестра и сега се соочува со две години затвор.

Савченко беше приведена во 2014 година во борбата против проруските бунтовници во источна Украина и предадена на Русија.

Таму таа беше осудена на 22 години затвор, но во 2016 година беше разменета за руски затвореници во Украина и вратена во родната земја.

Видео на денот