Украинската армија: Ситуацијата на фронтот е сложена

Врховниот командант на вооружените сили на Украина Александар Сирски денеска изјави дека ситуацијата е сложена во многу области на фронтот со руските сили и оти бара постојано следење.

„Непријателот врши редовни напади врз позициите на нашите војници“, напиша Сирски на Телеграм по посетата на истурените командни пунктови во борбената зона со министерот за одбрана Рустем Умеров.

„И покрај тешката ситуација, нашите војници храбро ги држат своите редови и позиции. Непријателот трпи непоправливи загуби“, додаде Сирски.

Сирски и Умеров ги слушнале извештаите на командантите за состојбата на фронтот, ја анализирале ситуацијата и разговарале за следните чекори.

„При посетата детално ја анализиравме актуелната состојба и разговаравме за неопходните понатамошни чекори, пред се за заштитата на војниците од дронови и воздушни напади со системи за противвоздушна одбрана, како и за зајакнување на одредени области на фронтот“, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот