Украина наводно соборила руска суперсонична ракета „Кинжал“, за која Русите тврдеа дека е несоборлива

Украинската армија со помош на американскиот ракетен систем за противвоздушна одбрана „Patriot“ урнала руска суперсонична ракета „Кинжал“ (Х-47), тврди портпаролот на Пентагон,Патрик Рајдер.

Тој го потврди претходно издаденото соопштение на Министерството за одбрана на Украина за соборувањето на ракетата.

„Можам да потврдам дека тие урнале руска ракета со помош на системот Patriot. Како што знаете, тој систем е дел од поширокиот спектар на средства за противвздушна одбрана што САД и меѓународната заедница ги доделија на Украина, изјави Рајдер.

На прашање од новинар дали била погодена имено суперсоничната руска ракета „Кинжал“, тој потврди дека се работи за таква ракета.

Лани, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека ниту една земја не поседува ракетен систем што може да ја пресретне суперсоничната ракета „Кинжал“ која може да лета со брзина од над шест маха.

„Таква ракета никој не поседува, и суперсонична и со таква брзина и со такви проникнувачки можности… Таа фактички е невозможно да се достигне, и ние со неа нанесуваме удари по особено важни цели, кажа тогаш Шојгу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот