Украина: Формирана е „тенковска коалиција“, сите кои имаат тенкови „Леопард 2“ да ѝ се приклучат

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска ги повика сите земји кои имаат тенкови „Леопард 2″ да „обезбедат што е можно повеќе од нив” за да и помогнат на Украина да ја одбие руската инвазија.

„Значи, беше формирана тенковската коалиција. Сите оние кои се сомневаа дека тоа некогаш може да се случи, сега видоа: За Украина и нејзините партнери нема невозможно. Ги повикувам сите нови партнери кои имаат тенкови „Леопард 2″ во служба да се приклучат на коалицијата и да обезбедат што е можно повеќе од нив”, напиша тој на Твитер.

Во меѓувреме, Владата во Киев побара од своите западни сојузници да и обезбедат воени бродови и подморници, јави ДПА.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, се заблагодари на одлуката на Германија да испрати тенкови „Леопард 2″ во Украина.

Зеленски во првата изјава по донесената одлука на Берлин на социјалните мрежи напиша дека е „искрено благодарен” на германскиот канцелар Олаф Шолц.

„Германски борбени тенкови, проширување на одбранбената поддршка и мисии за обука, зелено светло за партнерите да испратат слично оружје. Само што слушнав за овие важни одлуки во телефонски разговор со германскиот канцелар Шолц. Искрено сум му благодарен, како и на сите наши пријатели во Германија”, напиша Зеленски.

Тој дозна за одлуката на Германија да испрати тенкови Леопард 2 во Украина за време на интервјуто за британскиот Скај њуз.

Инаку Кремљ денеска соопшти дека сите тенкови „Абрамс” што САД ќе ги испратат во Украина „ќе изгорат”, нарекувајќи ја очекуваната испорака „скапа глупост”.

Кремљ за тенковите „Абрамс”: Тие горат како и сите други тенкови, но овие се многу скапи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот