Украина е најновата земја која го легализира биткоинот

Украина го легализира биткоинот/ Фото ЕПА

Украина е петтата земја која во изминатите неколку недели воспостави неколку основни правила за пазарот на криптовалути, пренесува Си-Ен-Би-Си њуз.

Украинскиот Парламент речиси едногласно усвои закон со кој се легализираат и регулираат криптовалутите. Законот, кој беше донесен во 2020 година, сега треба да го потпише претседателот Володимир Зеленски.

Досега, криптопазарот во Украина функционираше во сивата зона, при што на граѓаните им беше дозволено да купуваат и разменуваат виртуелни монети, но компаниите и берзите кои се занимаваат со криптовалути честопати беа под контрола на финансиската полиција.

До 2022 година, Украина планира да отвори пазар за криптовалути за компаниите и инвеститорите, пишува „Киев пост”.

Новиот закон предвидува одредени мерки за заштита од измама за иматели на биткоин и други криптовалути, а пратениците во Врховната рада ја дефинираа и основната терминологија во светот на криптовалутите, како што се термините виртуелна сопственост, дигитален паричник, приватни клучеви, итн.

За разлика од Ел Салвадор, кој оваа недела го усвои биткоинот како легално средство за плаќање, украинскиот крипто-закон не значи воведување на биткоин како платежно средство, ниту пак го става на еднакво рамниште со националната валута на земјата – гривна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот