УЈП ПОТВРДИ: Сметката на 1 ТВ е блокирана – Слободен печат
ВестиМакедонија

УЈП ПОТВРДИ: Сметката на 1 ТВ е блокирана

Причините за ваквиот потег на УЈП не се откриваат.

УЈП потврди дека сметката на правното лице 1ТВ Дооел Скопје е блокирана.

На прашањето на „Слободен печат“ за причините врз чијшто основ сметката е блокирана, од УЈП известуваат дека „согласно Законот за даночна постапка УЈП е обврзана сите документи, информации, податоци или други факти до коишто дошла во даночна, прекршочна или судска постапка, да ги чува како даночна тајна“.

Бојан Јовановски, во јавноста познат како Боки 13 во јуни 2017 година, пред отворањето на телевизијата го стартуваше проектот „Меѓународен сојуз“ за цивилно општество и социјално загрозени категории. Тогаш потенцираше дека финансиската добивка како претседател ќе ја донира секаде каде што е потребно.

1 ТВ почна да зрачи во етерот во март 2018 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close