УЈП ќе распродава бела техника, возила, камиони, телевизори…

На 30 јуни ќе се одржи јавна аукција огранизирана од Управата за јавни приходи на комерцијални продажби на движни и недвижни предмети.

На аукцијата може да се најдат различни предмети (моторни возила, товарни возила, телевизори, бела техника, автобуси и друго), кои се запленети поради неплатен данок.

Почетната цена на понудените предмети, сепак варира во зависност од годината на производство, состојбата, употребливоста и слично.

Преку веб порталот http://e-aukcii.ujp.gov.mk, може да се погледнат активните аукции, да се врши онлајн разгледување и преглед на достапните аукциски производи (движни и недвижни), а сите заинтересирани треба да се пријават и да учествуваат во процесот на надавање и лицитација за предметите кои се предмет на јавна аукција/продажба.

Оние кои сакаат да учествуваат на е-аукциите на УЈП, единствено што треба да направат е да се регистрираат како корисник на http://e-aukcii.ujp.gov.mk.

Тука можете да ја погледнете понудата на движни и недвижни предмети кои УЈП ги има запленето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот