УХМР: Временска прогноза за следните четири дена

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди почести во источните делови. Во текот на денот облачноста ќе се зголемува и кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Погледнете ја временската прогноза и за наредните денови:

Прогноза за 23.04.2021 – Минимална температура: 5°C до 10°C, Максимална температура: 11°C до 17°C.

Облачно со врнежи од дожд, на места пообилни особено во југозападните делови.

Прогноза за 24.04.2021 – Минимална температура: 4°C до 9°C, Максимална температура: 9°C до 16°C.

Променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. До вечерните часови врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 25.04.2021 – Минимална температура: 2°C до 7°C, Максимална температура: 14°C до 20°C.

Сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот