УЕФА со нови правила на Европското првенство поради коронавирусот

Фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Британските медиуми јавуваат дека УЕФА донела одлука за воведување нови правила во врска со претстојното Европско првенство поради коронавирусот, а сето тоа може да биде на штета на репрезентациите кои ќе имаат заразено лице од ковид-19 во составот.

ЕП кое ќе стартува на 11 јуни секако е и во наш голем интерес поради деби настапот на македонската А репрезентација, претходно УЕФА донесе одлука за ограничен број на навивачи во текот на натпреварите, а ситуацијата со коронавирусот и натаму е далеку од нормална, па така се очекува оваа зараза да ги диктира условите и на континенталниот собир.

Во случај некој репрезентативец биде позитивен на ковид-19, натпреварот ќе се одложи во следните 48 часа, но доколку е невозможно да се одржи мечот, истиот ќе биде регистриран со службен резултат од 3:0 на штета на националната селекција која го има заразениот играч.

Исто така, доколку натпреварот биде одложен, репрезентацијата која има позитивен играч на коронавирусот ќе мора да има најмалку 13 играчи кои се негативно тестирани за да може да настапи.

Исто така, голема е и новината кога станува збор за судиите, така што за првпат во историјата на судиите ќе можат да им судат на своите репрезентации, само во случај предвидениот судија биде заразен и се нема друго можно решение, тогаш судијата ќе биде од земјата која треба да го игра натпреварот.

Официјално: Ангеловски може да повика 26 фудбалери за Европското првенство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот