УЕФА ја ублажува „болката“: Меси со најдобриот гол на сезоната! (ВИДЕО)

twitter.com/MessiWorId

Во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите на „Камп Ноу“, Меси имаше фантастичен слободен удар во триумфот од 3:0 против тимот на Ливерпул. Втор за него во таа победа и вкупно 600 во дресот на Барса.

Но, оваа „награда“ за Аргентинецот од страна на Европската куќа на фудбалот доаѓа како ублажување на големата „болка“ на каталонците кои доживеаја шокантна елиминација на реваншот на „Енфилд“ кога Редси славеа со неверојатни 4:0.

На оваа листа во Топ 3 на второто место се најде голот на Кристијано Роналдо за Јувентус против Манчестер јунајтед во ЛШ, а на третата позиција погодокот на Данило за португалската репрезентација против Србија.

Ваквото признание Меси го има добиено уште двапати, во 2015 и 2016 година, а после него најдобрите погодоци во 2017 и 2018 година ги имаа Марио Манџукиќ, односно Кристијано Роналдо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот