Удрил двајца пешаци и побегнал

Фото: МИА

Тетовската полицијата е во потрага по возач кој вчера наутро удрил во двајца пешаци и побегнал од местото. Инцидентот се случил околу девет часот на кружниот тек на улицата „Илинденска” и „171″.

– Со возилото биле удрени Ш.Ш.(44) и М.З.(26), двајцата од Тетово. Од ударот здобиле повреди и со друго возило се пренесени во Клиничката болница. Таму им е укажана лекарска помош – соопшти СВР Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово по што е почната потрага по возачот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот