Удинезе очекуваше повеќе од Македонецот, три екипи во трката за Несторовски

twitter.com/Udinese_1896

Нашиот репрезентативец нема баш добра сезона во дресот на Удинезе, се шпекулира дека можно е да остане во Серија А.

Како што информира „tuttoudinese.it“, три италијански екипи се во трката за потписот на македонскиот репрезентативец.

Не беше баш досега добра оваа сезона за Илија Несторовски во дресот на Удинезе (договор до 30 јуни 2022), откако дојде минатото лето од Палермо.

Сезонава во Серија А нашиот напаѓач имаше само еден гол (против Сампдорија) во 17 одиграни натпревари. Изворот пишува дека се очекуваше многу повеќе да придонесе за клубот од Удине до прекинот на сезоната (поради коронавирусот) се наоѓаше на 14 место, само три бода повеќе од Лече кој е во опасната зона за испаѓање.

Во три години поминати во Палермо во најсилното италијанско првенство од 2016-2019 имаше вкупно 38 погодоци во 84 мечеви.

А пред да се пресели во Италија, за хрватскиот клуб Интер Запрешиќ во три години имаше 69 голови.

Неговите погодоци дефинитивно недостасуваат, последниот гол за македонската репрезентација во 2018 година против Гибралтар во рамките од УЕФА Лигата на нации.

Интерес за Несторовски покажува Беневенто кој е лидер во Серија Б и е пред промоција, односно враќање во елитата.

А во трката за Македонецот се наоѓаат уште СПАЛ и Бреша кои моментно се последнопласирани во Серија А.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот