Убиен судија во Иран, за властите убиството е „терористички чин“
Судија беше убиен денес во Иран додека одел на работа во големиот град Шираз, во јужниот дел од земјата, соопштија судските власти.
Препорачано
„Утрово, две лица го нападнаа и убија судијата Ехсан Багери“, објаснија тие, опишувајќи го убиството како „терористички чин“.
Во соопштението се додава дека истрагата за случајот е во тек и дека се преземаат интензивни мерки за откривање на сторителите.
Судијата Ехсан Багери, 38, беше задолжен за еден од судовите во Шираз, град кој се наоѓа околу 840 километри јужно од Техеран.
Мотивите за ова убиство, кое е извршено со нож, засега остануваат нејасни, според судските власти.
Пред четири месеци, двајца судии на Врховниот суд на Иран беа убиени во нивната канцеларија во Техеран. Потоа вооружен маж извршил самоубиство.
Една од жртвите, судијата Мохамед Могишех, беше санкциониран од САД во 2019 година за „водење на безброј неправедни судења“, тврдеше Вашингтон.
Во април 2023 година, ајатолах, член на Советот на чувари задолжен за назначување, надгледување и потенцијално отстранување на врховниот лидер, Али Хамнеи, од власт, беше убиен во северен Иран.
Минатиот понеделник навечер, повторно во Шираз, но во одделен случај, безбедносните сили убија вооружен човек кој беше одговорен за смртта на четири лица, според иранските судски власти.
Засега не се објавени никакви информации за мотивите на сторителот во овој случај.


