Кристина Атовска, во живо од Лвив, Украна / Утрински брифинг
Кристина Атовска, во живо од Лвив, Украна / Утрински брифинг

УБ во живо од Лaвoв | Атовска: Украинските сили со турски дронови собориле две руски ракети

Објектот што беше нападнат утрово со шест проектили од море во близина на аеродромот во Лaвoв бил работилница за поправка на авиони но била празна, јавува репортерката на Утрински брифинг и Слободен печат, Кристина Атовска.

-Украинските сили користат турски дронови Бајрактар и со нив биле уништени две од испуканите ракети утрово. Сѐ уште нема поточни информации како се случил нападот. Сега очекуваме прес конференција од директорот на нафтоводот во врска со снабдувањето на Украина со енергија, како и прес конференција на градоначалникот на Лвив. Ќе се обрати преку видео врска и поранешната премиерка Јулија Тимошенко, вели Атовска.

Атовска вели дека сега се заострени условите за престој и работа на новинарите во Украина и дека без посебна акредитација од украинската влада не можат да снимаат официјални лица.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот