Уапсен претседателот на општина Будва

Фото Skupstina.me

Претседателот на црногорската општина Будва, Мило Божовиќ е приведен во полициска акција што денеска се спроведува во повеќе црногорски градови, пренесува „Вијести.ме“.

По наредба на Специјалното државно обвинителство (СДТ), Божовиќ е уапсен во неговата семејна куќа во центарот на Будва.

Според сознанијата на Вијести, апсењата почнале утрово во 4 часот во Будва, Цетиње и Подгорица.

„Согласно наредба на Специјалното државно обвинителство, со поддршка и асистенција на Агенцијата за соработка и спроведување на законот на Европската Унија – ЕВРОПОЛ, Специјалниот полициски оддел, со логистичка и оперативна помош на Антитерористичката единица на полицијата, презема мерки и дејствија во рамки на истраги во два кривични предмети. Јавноста ќе биде навремено информирана за евентуалното лишување од слобода на одредени лица и за резултатите од мерките и дејствијата кои се во тек“, изјави државниот обвинител и портпарол Вукас Радоњиќ.

Од кабинетот на претседателот на општина Будва соопштија дека Божовиќ не е уапсен, туку дека Обвинителството го повикало на сослушување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот