фото: Слободен печат/ Д. Митрески

Уапсен камионџија од Босна на патарината „Петровец“, сакал да плати со фалсификувани евра

На патарината Петровец вчера бил приведен државјанин на Босна и Херцеговина откако се обидел да плати со фалсификувана банкнота од десет евра.

Според информациите од МВР, се работи за возач на камион од БиХ.

На 14.10.2025 во 16:50 часот на патарина „Петровец“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода М.А.(28) од Босна и Херцеговина поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 268 од Кривичниот законик. Имено, тој на патарината поминал со товарно возило со босански национални ознаки и притоа платил со банкнота од 10 евра за која вработениот се посомневал дека е фалсификувана.
Банкнотата е одземена за понатамошна постапка“ соопшти МВР.

Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот