Уапсен европратеникот Марк Тарабела поради поврзаност во случајот „Катаргејт“
Белгиските власти денеска го уапсиле европратеникот Марк Тарабела, кој веќе бил исфрлен од неговата социјалистичка партија, во истрагата поврзана со наводна корупција во Европскиот парламент. Портпаролот на белгискиот обвинител го потврди апсењето по претходна пријава на фламанската телевизија „ВРТ“.
Препорачано
Адвокатот на Тарабела, Максим Толер, изјави за „Политико“ дека неговиот клиент сè уште не се појавил пред истражниот судија.
Европскиот парламент го укина имунитетот и на Тарабела и на европратеникот Андреа Коцолино на пленарна седница минатиот четврток, отворајќи им го патот на белгиските истражители да ги сослушаат. Уште тројца осомничени се во затвор.
Обвинителот не коментираше со какви обвиненија може да се соочи Тарабела или дали се чека некоја полициска акција кон Коцолино, кој е Италијанец.
Според парламентарните извештаи, кршењето на белгискиот закон од страна на Тарабела и Коцолино може да вклучи корупција, учество во криминална организација и перење пари.
Кон крајот на минатата недела, белгискиот истражен судија што го води случајот го ослободи од затвор еден од четворицата првични приведени во случајот, Николо Фига-Таламанка – генерален секретар на „Нема мир без правда“, една од невладините организации поврзани со корупцискиот скандал.
Тројца други осомничени, поранешната потпретседател на Европскиот парламент, Ева Каили, нејзиниот партнер Франческо Џорџи и поранешниот европратеник Пјер Антонио Панцери сѐ уште се во затвор. Во јануари, Панцери склучи договор за соработка со истражителите.
Скандалот со Каили е многу сериозна повреда на угледот на ЕП, вели еврокомесарот Џентилони


