Уапсен естонски професор кој шпионирал во корист на Москва

Талин, Естонија / Фото: Angelo Cavalli / robertharding / Profimedia

Полицијата во Естонија уапси универзитетски професор со руско потекло под сомнение дека шпионирал за Москва.

Естонската служба за внатрешна безбедност соопшти дека иницирала истрага против Вјачеслав Морозов, руски државјанин и професор по меѓународна политика на престижниот универзитет во Тарту, поради неговата наводна вмешаност во разузнавачки активности насочени кон поткопување на националната безбедност на земјата.

Деталите за неговите наводни разузнавачки активности не беа објавени „бидејќи се преземаат процедурални чекори за проверка на наводите“.

Естонските власти посочуваат дека тоа е еден од повеќе од 20 случаи и дека претставува „желба на руските разузнавачки служби да се инфилтрираат во различни области од естонскиот живот, вклучително и научниот“.

Универзитетот во Тарту е најголемиот и најстариот во Естонија, формиран во 1632 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот