Уапсен Британец осомничен за убиство на наставничка во Лондон

Британска полиција/ Фото EPA-EFE/ANDY RAIN

Британската полиција денеска објави дека уапсила маж осомничен за убиство на наставничката чие тело беше пронајдено минатата недела во парк во Лондон.  

Сабина Неса (28) вечерта на 17-ти септември го напуштила својот дом во јужен Лондон, со цел да пешачи низ локалниот парк до барот каде требала да се сретне со нејзината пријателка, пишува Ројтерс.  

Таа не се појавила во барот, а нејзиното тело било пронајдено во паркот следното попладне, се вели во полициското соопштение.  

Нејзиното убиство се случи шест месеци откако една жена била киднапирана, силувана и убиена од полицаец во јужен Лондон. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот