УАПСЕН АМЕРИКАНСКИ МИЛИЈАРДЕР ПЕДОФИЛ: Пријателот на Трамп и Клинтон продавал деца за секс!

Американскиот милијардер и регистрирани сексуален предатор,  Џефри Епштајн (66) беше уапсен на аеродром под обвинение за трговија со луѓе за сексуални услуги.

Милијардерот беше уапсен за злосторства извршени од 2002 до 2005 година, вчера  на аеродромот во Њујорк, кога се враќал од Париз.

Епштајн веќе е осуден за сексуална злоупотреба на малолетни лица, а со судот има склучено договор за признавање на вината и наместо пропишана казна доживотен затвор, беше осуден на 13 месеци затвор, а потоа да им плати обештетување на жртвите и да влезе во регистерот на сексуални предатори.

Неименуван официјален претставник на полицијата изјави дека Епштајн е осомничен за злоупотреба на малолетници за наводна масажа, по што биле сексуално експлоатирани.

Потоа , тој ги нудел за пари малолетниците на свои пријатели кои му плаќале за сексуалните услуги.

Некои од жртвите на милијардерот биле помлади од 14 години, и незаконските дејствија се случувале во неговите луксузни куќи во Њујорк и на Флорида.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот