Фото: илустрација / Слободен печат /

Уште еден тинејџер од Тетовско е уапсен за терористички закани – праќал пораки дека ќе убива

Полицијата уапси 18-годишник кој испраќал закани дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово. До приведувањето на М.Р.(18) од Палатица дошло по пријави од неколку професори од училиштето.

„Веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициски службеници од СВР Тетово и по добиена судска наредба, извршен е претрес во с.Палатица, Тетовско, во дом и помошни простории на Р.Р. (49). При претресот биле пронајдени повеќе предмети на неговиот син М.Р.(18), за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. М.Р. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава“, соопшти тетовската полиција.

Минатиот месец, момче од тетовското село Мала Речица беше уапсено откако преку стрим на социјална мрежа се заканувало дека ќе изврши масовно убиство, а дома полицајците му најдоа цел арсенал оружје. За ова нашата полиција доби дојава од американското Биро за федерални истраги (ФБИ).

Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ – евакуирани се учениците и вработените

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот