Турската инфлуенсерка Ајшегул Ераслан - Фото: Инстаграм

Млада инфлуенсерка од Турција е пронајдена мртва – мистериозниот случај се истражува

Турската инфлуенсерка Ајшегул Ераслан, која беше многу популарна на социјалните мрежи, е пронајдена мртва на 27-годишна возраст во нејзиниот дом во Каѓитхане, Турција, во петокот, пишува „Дејли мејл“.

Според турските медиуми, нејзините роднини ја повикале полицијата откако не им ја отворила вратата, а претходно не одговарала ниту на телефонските повици. По доаѓањето на службите, таа била пронајдена во домот, каде што медицинските екипи констатирале смрт.

По увидот на јавен обвинител на местото на настанот, нејзиното тело било пренесено на обдукција во судска медицина.

Информациите од локалното одделение за јавна безбедност укажуваат дека Ераслан се вратила дома на 11 март од патување во Египет, носејќи куфер со себе.

Актерот Сунај Куртулуш бил забележан на снимки од безбедносни камери како влегува во нејзиниот дом околу еден час пред нејзината смрт. Тој се задржал кратко, а потоа го напуштил станот. Подоцна бил испрашан од надлежните органи и пуштен откако дал изјава.

Во соопштение објавено на социјалните мрежи, неговиот правен тим истакнал дека актерот бил испрашан исклучиво во рамки на истрагата и од самиот почеток целосно соработувал со институциите.

Исто така, било нагласено дека тој не бил присутен на местото во моментот кога се случил настанот.

„Длабоко сме ожалостени од смртта на Ајшегул Ераслан. Се молиме за божја милост над неа и изразуваме искрено сочувство до нејзиното семејство, роднините и сите што ја сакаа“, се наведува во соопштението.

Ераслан се прославила со учеството во модното натпреварувачко шоу „Иште беним стилим“ („Ова е мој стил“), по што изградила успешна кариера во модната индустрија.

На својот профил на Инстаграм имала повеќе од 361.000 следбеници, каде што се претставувала како моден дизајнер и промовирала сопствени проекти и бизниси.

Често објавувала фотографии во различни модни комбинации, како и видеа од своите патувања низ светот, вклучувајќи ги Египет, Данска, Шведска и градови во САД како Лос Анџелес, Њујорк, Мајами и Лас Вегас.

По нејзината смрт, бројни корисници на социјалните мрежи оставија пораки на сочувство под нејзината последна објава.

„Многу ми е жал за сè што помина и за сè што не успеа да доживее. Ова не требаше да биде крај за една млада личност. Почивај во мир“, напишал еден од корисниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот