Турција: Терористи на Исламска држава вратени назад во Косово

Исламска држава / Фото: Профимедиа

Турското Министерство за внатрешни работи соопшти дека се депортирани двајца државјани на Косово, кои војувале за терористичката организација Исламска држава (ИД).

Меѓународните актери не се согласуваат по прашањето за постапките со членовите на Исламска држава и нивните семејства уапсени во Сирија, вклучувајќи ги и странските членови на оваа терористичка група, а Турција тврди дека странските терористи мора да се вратат во своите матични држави, пренесува порталот „Индекс онлајн“.

Анкара соопшти дека некои европски земји ги отфрлиле турските напори за да ги вратат членовите на ИД во нивните матични земји. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави дека Турција досега депортирала 7.500 припадници на ИД, а дека во моментов во турските затвори се наоѓаат 1.149 терористи кои војувале на страната на Исламска држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот