Турција со критики за одлуката на Косово да отвори амбасада во Ерусалим

Ал Акса (арапски: المسجد الاقصى, Al-Masjid Al-Aqsa) е џамија која се наоѓа во Ерусалим. Оваа џамија е една од најпознатите муслимански светилишта / Фото: EPA-EFE/ATEF SAFAD

Турските власти изразија разочарување од одлуката на Косово да воспостави дипломатски односи со Израел и да отвори амбасада во Ерусалим.

Турција, која ги брани палестинските позиции, беше една од првите држави што ја призна независноста на Косово во 2008 година.

„Самата помисла дека косовски официјални лица преземаат таков чекор, што јасно го крши меѓународното право, е разочарувачка”, соопшти турското Министерство за надворешни работи. Тие ја  повикаа Приштина „да избегне каква било мерка што би го загрозила правниот статус на Ерусалим”.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во петокот рече дека Србија ќе стане првата европска земја што ќе ја премести својата амбасада од Тел Авив во Ерусалим, додавајќи дека Косово ќе воспостави дипломатски односи со Израел и ќе отвори амбасада во Ерусалим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот