Турција не го прифати сочувството од САД

Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу изјави дека земјата не ја прифаќа пораката на САД во која се искажува сочуство за загинатите во вчерашната несреќа во Истанбул, јави агенцијата Анадолија.

– Оваа порака за сочувство може да бидат протолкувана како „убијците секогаш први стигнуваат на местото на злосторството“. Секако ќе дадеме јасен одговор на оваа порака, иншалах – изјави министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

Министерот додаде дека турските сили само во текот на оваа година спречиле близу 200 планирани терористички напади.

– Може да се борите против тероризмот во планините, надвор од вашите граници, во вашите градови и може да спречите многу терористички акти. Ако пропуштите да спречите еден, плаќате висока цена. Ќе ја продолжиме нашата борба до крај, без оглед на цената. Јасна и неискрена е поддршката што терористите ја добиваат од нашите таканаречени сојузници, криејќи ги во своите земји или давајќи им живот на териториите што го заземаат, финансирајќи ги преку одлуките на нивниот Сенат – изјави Сојлу.

Како што вели Сојлу, турската полиција ја уапсиле главната осомничена за вчерашниот напад.

Според него, осомничената се обидела да избега во Грција, но полицијата успеала да ја уапси пред да побегне.

ВИДЕО: Нови снимки од хоророт во Истанбул

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот