Турбулентната врска на Ричард Гир и Синди Крафорд: Биле 18 години разлика и сите се сомневале дека се хомосексуалци!

профимедиа

Ричард Гир и Синди Крафорд се запознале во 1988 година и раскинале во 1995 година. Ги донесуваме деталите за нивната врска за која пресудна била разликата во годините.

Долго пред Инстаграм, многу славни парови ги исполнуваа медиумските колумни со своите врски и авантури, а една таква двојка беа актерот Ричард Гир и супермоделот Синди Крафорд.

инстаграм

Двојката се запознала во 1988 година, кога Синди имала 22 години, а Ричард имал 39 години. Гир уште во тоа време бил еден од најпознатите актерки во Холивуд, а нивната врска се појавила на насловните страници на над 300 списанија низ целиот свет.

Тие најпрво се запознале кај заеднички пријател на скара, фотографот Херб Ритс. Синди изјавила дека разговарале со часови и потоа отишле официјално на состанок. После тоа, тие почнале да се гледаат постојано, а не требало долго за да станат една од најпознатите двојки во светот на славните.

После неколкумесечна врска, имало гласини дека парот ќе застане пред олтарот, но актерот не бил сигурен за свадбата со супермоделот. Тој сметал дека не им се потребни никакви листови за докажување љубов и се плашел од правење грешка. Сепак, на 12 декември 1992 година се предомислил. Тој имал една слободна вечер додека го снимал „Mr. Jones“, па со тогашната девојка и неколку блиски пријатели, изнајмил приватен авион и заминал во Лас Вегас.

profimedia

Тие се венчале во истата капела каде Анџелина Џоли и Били Боб Тортон ги размениле заветите. Бидејќи тие решиле да се венчаат во последен момент, немале скапи прстени, но својата љубов ја покажле со прстени направен од алуминиумска фолија. Славната манекенка застанала пред олтарот во син костум со потпис на Армани. „Не беше свадбата за која сонував, се беше во последната минута“, рекла Крафорд подоцна.

Сè на сè, љубовната идила траела уште четири години пред да се распадне. Тие го најавија нивниот развод во 1995 година. Со распаѓањето на бракот, започнале и бројните гласини, вклучувајќи тврдења дека раскинале затоа што и двајцата се хомосексуалци и дека се венчале само за публицитет. Манекенката подоцна рекла дека најголемата причина за нивно распаѓање била големата разлика во годините.

Синди Крафорд на крајот ја имала свадбата од соништата, три години по разводот од актерот кога се омажила за Ранди Гербер. Двојката се венчаше на Бахамите и заедно имаат две деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот