Трудовиот инспекторат ќе утврдувал дали функционерите на ДУИ ги прекршиле здравствените протоколи

Сите инспекторати постапуваат неселективно, а надлежната инспеција ќе ги провери наводите дали има прекршување на протоколите, вели претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска Грашкоска, одговарајќи на прашањето дали некој од партиските функционери на ДУИ ќе сноси одговорност за прекршување на протоколите, за настанот посветен на отворањето на новите простории на Министерството за политички систем, каде се искористи приликата и да се прослави роденденот на лидерот на интегративците, Али Ахмети.

– Трудовиот инспекторат е надлежен во случајов, истакна од друга страна директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Иринка Бухова.

Претходно, министерот за надворешни работи Бујар Османи нагласи дека станува збор за миг на вадење на заштитните маски единствено поради фотографирање и нема прекршување на здравствените протоколи, но додава дека се испратила погрешна порака. Првиот вицепремиер, Артан Груби исто така изјави дека се се одвивало согласно протоколите, а маските се извадиле „само за момент“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот