„Трпение спасение“ – Податоци од Оксфорд за ефикасноста на вакцината против британскиот вид на коронавирусот

Податоците за ефикасноста на вакцината, што ја разви Универзитетот Оксфорд, против британската мутација на коронавирусот, ќе бидат готови до следната недела. Тоа го нагласи претставник на Универзитетот за време на онлајн состанок со советодавниот панел на американскиот Центар за превенција на заразни болести (ЦДЦ).

– Од средината на декември, британската мутација стана доминантна и почна брзо да се шири. Нашата анализа на ефективноста на вакцината против тој вид треба да биде готова до следната недела, рече Ендру Олард, директор на Оксфордската акциска група и главен истражувач.

Универзитетот Оксфорд ја разви вакцината во соработка со АстраЗенека.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот