Трошоците за сместување и исхрана во студентските домови по стара цена

Студентски дом „Гоце Делчев”

Најавеното покачување на цената за сместување и исхрана на студентите во државните студентски домови во Скопје нема да се реализира, откако денеска Државниот Студентски Дом „Скопје“ на седницата на Управен Одбор донесе одлука да нема промена во цената.

Како што соопштија од Државниот Студентски Дом „Скопје“, во координација со Министерството за образование и наука и министерот Јетон Шаќири, по реакцијата на студентите била донесена оваа одлука, па така наместо предвидените  3.945 денари, студентите ќе плаќаат 3.645 денари, исто како претходните години.

Индекси, студенти, бруцоши
Студент со индекс / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Напоменуваме дека при покачувањето на цените за сместување и исхрана се земени во предвид сите трошоци на ДСД „Скопје“ кои се значително поголеми и не е прекршена ниту една процедура, се вели во соопштението и додаваат дека дополнително се бара решение за нормално функционирање на студентските домови.

Министерство за образование и наука – табла / Фото: ”Слободен печат” – Драган Митрески

Одлуката за покачување на цената за сместување и храна во студентските домови предизвика низа реакции.

Од МОН порачаа дека нема да доволат покачување на цените за сместување преку самоволие и непочитување на прописите.

Ниту еден студентски дом индивидуално не може да ја промени цената за сместување и на студентите избрани преку јавно објавени конкурси да им наплатува различен износ од утврдениот во Програмата – се вели во соопштението.

Фото: Фејсбук, Студентски отпор

Од Студентскиот отпор истакнаа дека и во новата академска година се соочуваат со истите проблеми од претходните години.

Имено, годинава, месечната кирија во студентските домови се зголеми на 3945 денари, трошоците за амортизација на 700 денарии, за испринтани 4 листови А4 формат при вселување студентите плаќаат 500 денари, а 300 денари за фиктивната картичка за јадење која не се користи воопшто – се наведува во соопштението.

Тие најавија дека ги следат проблемите и оти ќе има масовна мобилизација на сите студенти и жестока реакција за студентските проблеми.

Инаку, согласно Законот за студентски стандард цената за сместување во државни студентски домови се утврдува со Програма за остварување и развој во дејноста на студентскиот стандард, која ја усвојува Владата.

МОН покрива 50 отсто од вкупниот износ на цената, која за 2023 година изнесува 6.820 денари. Оттаму, на студентите кои плаќаат партиципација, трошокот им изнесува 3410 денари месечно. Додека за најмногу 40 проценти од студентите, МОН го покрива целиот износ, доколку се работи за студенти со посебни потреби, деца без родители и родителска грижа, деца од семејства корисници на социјална парична помош итн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот