Триумф на Ѓоковиќ во Мадрид

EPA-EFE/KIKO HUESCA

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ триумфира на турнирот од Мастерс серијата кој се играше во Мадрид. До третиот трофеј во Мадрид, и прв по освојувањето на Австралија Опен во јануари годинава, Ѓоковиќ дојде откако во финалето го совлада Стефанос Циципас во два сета со 6:3,6:4.

Интересно е што ова е прва титула за српскиот тенисер од 2016 година на земјени терени, кога победи токму во Мадрид.
Ова беше вкупно 33. Титула за Ѓоковиќ на Мастерс турнирите од серијата 1.000 со што се израмни со Рафаел Надал како најуспешни тенисери.

Ѓоковиќ до титулата дојде без загубен сет, а на младиот Грк, како утеха му останува големата победа над Надал во полифиналето и од утре ќе биде седми на АТП ранг листата.

Ѓоковиќ фуриозно го започна финалето, веднаш направи брејк и поведе со 3:0 во гемови и до крајот рутински ја одржуваше предноста за триумф од 6:3. Во вториот сет, Циципас заигра далеку подобро, и резултатската неизвесност ја одржуваше до финишот на вториот сет. Кога беше најпотребно, при 4:4 во гемови,  Ѓоковиќ успеа да направи брејк и во следниот гем на свој сервис успеа да дојде до победата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот