Трилерот на „Енфилд“ со среќен крај за Ливерпул

Ливерпул преку пенал рулетот се пласира во полуфиналето на Лига купот/ фото: EPA-EFE/Peter Powell

Фудбалерите на Ливерпул обезбедија пласман во полуфиналето на Лига купот откако во трилер натпревар го совладаа Лестер и тоа по подобро изведување на пенали. Регуларниот дел од натпреварот заврши 3:3, за во пенал рулетот, Келехер да одбрани два пенали на „лисиците“ и Диого Жота да го однесе Ливерпул во полуфиналето.

Спектаклот на „Енфилд“ изобилуваше со шанси, но и грешки, во најголем дел на домашните фудбалери бидејќи Јирген Клоп им даде шанса на млади фудбалери и играчи кои не се во прв план, како и повратникот на терените Роберто Фирмињо.

Лестер по првото полувреме имаше предност од 1:3 благодарение на двата гола на Џејми Варди и едниот на Џејмс Медисон, додека за Ливерпул погоди Алекс Окслејд-Чембрлен.

Во вториот дел, Клоп внесе стандардни првотимци и тие му вратија со два гола, прво Жота погоди во 68 минута, а Минамино во петтата минута од судиското продолжение донесе израмнување.

Во пенал рулетот, блескаше голманот Кехелер кој ги одбрани пеналите на Томас и на Бетранд, а Жота во петтата серија погоди и го однесе Ливерпул во полуфиналето.

Во лондонското дерби, Тотенхем со 2:1 го совлада Вест хем. Сите голови беа постигнати во првиот дел, резултатот го отвори Бергвајн во 29 минута, а три минути подоцна Боувен носи израмнување. Голот вреден пласман во полуфиналето од Лига купот го постигна Лукас Моура во 34 минута.

Претходно Челси со головите во последните десет минути од натпреварот на Жоргињо и на автоголот на Јансон со 2:0 го совлада Брентфорд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот