Завеси - Фото: pexels-pixabay

Неколку практични трикови за да ги исперете завесите без да се истуткаат

Перењето завеси често знае да биде вистински предизвик, најчесто тие се туткаат, се собираат или ја губат формата, а пеглањето е долготрајно и заморно. Сепак, постојат едноставни трикови кои ви овозможуваат завесите да бидат уредни и свежи веднаш по миењето, без дополнително пеглање.

Првиот чекор е да ги исперете на правилната програма. Повеќето завеси можат да се перат во машина, но важно е да се користи послаба програма: температурата на водата треба да биде 30 степени Целзиусови или ладно перење, а програмата да биде прилагодена на осетливи ткаенини или рачно перење. Центрифугата треба да се постави на што помал број вртежи, идеално помеѓу 400 и 600, додека детергентот треба да биде благ, без омекнувач кој може да остави траги.

По миењето, сушењето е клучно. Никогаш не ги оставајте завесите стуткани во кошот; извадете ги веднаш додека се уште влажни и закачете ги повторно. Тежината на самите завеси и гравитацијата ќе ги „испеглаат“ наборите додека се сушат.

Додатен трик: ако сакате дополнително да ги исправите без пегла, нежно прскајте ги со вода од шише со распрскувач додека се закачени.

Што да избегнувате?

– Не користете сушална освен ако не е наведено поинаку на етикетата.

– Избегнувајте високи температури и силна центрифуга.

– Не ги пеглајте завесите кога се целосно суви, бидејќи тоа создава тешко отстранливи набори.

Со овие едноставни чекори, вашиот дом секогаш ќе изгледа уредно, а завесите свежи – без часови поминати на пеглање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот