Машина за перење / Фото: Pexels

Трик од манастирите – природна замена за омекнувач што штеди пари и е идеална за чувствителна кожа

Купечките омекнувачи често не обезбедуваат долготрајна свежина, а притоа не се ни најекономично решение. Затоа сè повеќе луѓе се свртуваат кон природни алтернативи – едноставни, евтини и ефикасни, пишува „Вечерњи лист“.

Во манастирите низ регионот, перењето алишта се практикува на традиционален начин, без агресивни хемикалии. Наместо класични омекнувачи, се користи природен рецепт кој, покрај тоа што ја омекнува ткаенината, ја одржува и свежа.

Рецептот е едноставен: потребна е една чаша алкохолен оцет (околу 100 милилитри) и неколку капки етерично масло по избор – најчесто лаванда, лимон или чемпрес. Оцетот ги неутрализира непријатните мириси и го намалува варовникот во водата, додека етеричните масла додаваат пријатен мирис и делуваат смирувачки.

Дополнителна предност е што мирисот на оцетот не останува на облеката, тој испарува за време на перењето, оставајќи чиста и свежа ткаенина.

Оваа природна комбинација не само што е погодна за луѓе со чувствителна кожа, туку и помага да се намалат месечните трошоци. Воедно, ја продолжува свежината на облеката и ја намалува потребата од користење силни хемиски средства.

Со едноставни состојки и малку навика, традиционалниот начин на перење може да биде подеднакво ефикасен и далеку поеколошки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот