Триесет психолози понудија бесплатна психолошка помош за жртвите од „Јавна соба“

Основачот на онлајн платформа за анонимно советување со лиценцирани психолози, Разговор.мк, Георги Михаилов нуди бесплатно советување и психолошка поддршка на сите девојки чија доверба била злоупотребена од членовите на групата “Јавна Соба”.

-Се работи за онлајн комунакација. Секој може да ја преземе апликацијата и да закаже разговор со некои од психолозите кои стојат на располагање. Секоја од девојките може да не контактира на нашата е-маил адреса [email protected] или преку нашите профили на социјалните мрежи. Морам да нагласам дека сите 30 лиценцирани психолози кои се дел од Разговор.мк веднаш се понудија бесплатно да ја дадат нивната поддршка, информира Михаилов и додава дека не е ограничен бројот на девојки кои може да се обратат за помош.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот