Трета среќа: Ана Фарис се венчала во тајност со Мајкл Берет

ана фарис
ФОТО: Инстаграм

На актерката Ана Фарис ѝ се испуштило дека неодамна со Мајкл Барет се венчале во тајност, пренесува „CNN“.

Откритието се случило во епизодата на нејзиниот подкаст „Ана Фарис е неквалификувана“ во интервју со Гејл Симонс. Откако разговарала со Симонс, на Фарис ѝ се придружила советничката за врски Ејприл Бејер која одговара на повици од слушатели, давајќи им романтични совети.

Кога се јавила една слушателка да се советува, раскажувајќи дека почнала да се оддалечува од нејзините пријатели откако почнала роматична врска, Фарис им кажала на Бијер и на слушателката дека таа и кинематограферот Мајкл Барет се во брак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HollywoodLife (@hollywoodlife)

„Мислам дека последната година ја поминавме во место на размислување, во средување на приоритетите, во место на вознемиреност и проценка“, рекла Фарис. „Но, гледам наоколу, така што, мојот свршеник е во право… тој сега ми е сопруг“. Фарис потврдила дека таа и Барет стапиле во брак.

„Жал ми е… како го изјавив тоа“, рекла Фарис додека нејзините гости ја споделиле својата возбуда. „Не можев повеќе да викам свршеник“. Актерката продолжила да раскажува дека венчавката се одржала во локалната судска зграда во државата Вашингтон: „Беше одлично“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @thevowtexasweddings

Фарис рекла дека исто така ѝ се испуштило и пред нејзиното семејство. Нејзината тетка ја прашала како се чувствува бидејќи ќе стане маќеа, на што Фарис одговорила: „Па, всушност, јас сум маќеа од пред четири дена“.

Церемонија се одржала на островот Сан Хуан во Вашингтон: „Сè во врска со настанот беше убаво“.

Ова е трет брак на Фарис, која била венчана со актерот Бен Индра од 2004 година до 2008 година. Потоа била во брак со ѕвездата на „Чуварите на Галаксијата“, Крис Прат во 2009 година, а двојката се разделила во 2017 година. Фарис и Прат го имаат 8-годишниот син, Џек.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Closer Weekly (@closerweekly)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот