Тренерот на Партизан, Обрадовиќ по хаосот во Мадрид: Сè е снимено и сите ќе видат како почна!

фото: EPA-EFE/Juan Carlos Hidalgo

Невидена ситуација во Евролигата на вториот плеј-оф натпревар беше видена помеѓу Реал и Партизан. Белградските „црно-бели“ во Мадрид славеа за водство од 2:0 во серијата, но поради тепачка во финишот во која беа вклучени играчите на двете страни, судиите мораа да го прекинат мечот.

На крајот српската екипа триумфираше со 95:80, а мечот ќе остане во сенка на хаосот и повредата на Данте Ексум, Австралиецот од редовите на Партизан.

Играчот на шпанскиот клуб, Гершон Јабуселе крајно неспортски го удри Ексум одзади. Според првите информации на Ексум му е пукната тетива на палецот, па ќе мора да замине во Белград со патерици, а останува прашањето – во каква состојба ќе остане кошаркарот на Партизан.

По натпреварот се огласи тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ, кој благо кажано беше згрозен од целата ситуација.

– Има видео и сите ќе видат како сето тоа почна, играчите потоа разговараа. Се дојде до тоа, тоа се нерви. Што и да кажете, но не верувам дека ова се случи и тука е крајот на приказната. Не треба повеќе да зборуваме за тоа – рече Обрадовиќ.

Стратегот на српскиот претставник изјави дека во моментов не знае што се случува со Данте Ексум.

– Не знам, лошо изгледа, не знам како ќе биде, утре ќе провериме, имаше болки во ногата, па ќе видиме, треба да провериме да разбереме што не е во ред со Ексум – се зборовите на Обрадовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот