Тренчевска: Владата ќе ја преиспита одлуката за спојување на двете концесии за рудникот Иловица-Штука

Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Владата ќе ја преиспита одлуката за спојување на двете концесии за рудникот иловица-Штука и ќе побара дополнитени информации од надлежното министерство, а ставот на СДСМ по однос на отварањето на рудникот во Иловица е ист со ставот на граѓаните на од струмичкиот регион, рече министерката Јованка Тренчовска на денешната прес конференција што се одржа пред просториите на ОО на СДСМ во Струмица и пред протестот што се одржа против отворање на рудник.

Додаде дека Владата предводена од СДСМ и надлежните институции нема да дозволат отворање на рудник во Иловица без консулатација и одобрение од граѓаните, од локалното население, без запазување на целата постапка и без исполнување на сите стандарди за животна средина согласно постојното законодавство усогласено со европското.

Тренчевска истакна дека Струмичкиот регион е земјоделски крај, а струмичкото плодно поле е егзистенција за илјадници семејства, а Владата преку ресорното министерство покажала и докажала како треба да се поддржи земјоделството и земјоделците.

-Имаме стопроцентна спроведена Ипард-2 програма во државата и први во регионот почнавме со реализирање на програмата Ипард-3 во вредност од 210 милиони евра наменети за сите сектори во земјоделството и руралниот развој. Тоа значи дека кога станува збор за земјоделството и здравјето на граѓаните нам како СДСМ тоа ние е највисок приоритет, подвлече Тренчевска, која заедно со министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, пратеници и советници од нејзината партија присустуваше на денешниот протестен собир против отворање на рудник во струмичко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот